-Во моментов имам информација дека предлогот на Влада на Република Северна Македонија за прогласување на вонредна состојба се подготвува и треба да биде доставен до Собранието. Доколку Собранието не се состане, претседателот на Собрание ќе го проследи предлогот до мене по што ќе се обратам до јавноста, соопшти Пендаровски.
Како што претходно објавивме барањето за вонредна состојба од Владата веќе е кај Талат Џафери, претседател на Парламентот и истото ќе биде упатено кон претседатело на земјава.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за МИА вели дека го очекува предлогот на претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски што ќе го проследи до претседателот на државата кој има надлежности за прогласување вонредна состојба во државата.
Џафери го дели мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно. Изборите според претседателот на Собранието ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз озносва на член 126 од Уставот.
Врз основа на Членот 125 од Уставот став 4 ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.
Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на во*на или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае по завршувањето на во*ната или вонредната состојба за што одлучува Собранието.