Дали сте нервозни пред полетување? Дали ви се превртува во стомакот во мигот штом авионот се одлепува од земјата? Ако е така, тогаш сигурно сакате да знаете на кое седиште во авионот би имале мирен лет.
Стјуардеса од компанијата EasyJet открива:
„Ако сте нервозни при летање и ве плашат турбуленциите, тогаш седнете во предниот дел од авионот. Колку понапред, толку подобро. Турбуленциите повеќе се чувствуваат во задниот дел од авионот.“ Логично е дека пилотот прави сè што е во негова моќ за да ги избегне турбуленциите, па така првиот ред е најдобрата позиција.
Исто така, ако имате долги нозе првиот ред ќе ви даде дополнителен простор. Тоа ви се нуди и на местата на излезите за итни случаи.