СТЈУАРДЕСА ОТКРИВА: Што прават богаташите на приватните летови и кои се нивните барања (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

За разлика од стјуардесите во патничките авиони, оние кои работат во приватните мораат на своите патници да им ги исполнуваат сите барања, па најчесто мораат да работат повеќе од своите колеги.

Често мораат да знаат да направат коктели, да наликуваат на асистентки, а сето тоа во комбинација со чистење и подготвување на авионот, па дури треба да ги четкаат и домашните миленичиња.

Кимберли Бентон ја работи оваа работа скоро 10 години, а веќе 14 пати го поминала светот и летала во 27 различни бизнис авиони.

-Патниците очекуваат точно да знаете што сакаат, штом ќе влезат во авионот да ги дочека нивниот омилен пиjaлок, нивните омилени весници, а потоа јадењето, а сето тоа да им го сервирате кога точно ќе посакаат – вели таа.

На небо се организирале и роденденски забави, како и забави на поп ѕвезди со кои летала за време на нивните концертни турнеи.

-Мораме да внимаваме да не им дозволиме пpeмногу да испиjaт, а во исто време да не им ја расипеме забавата, па вистинска уметност е да се знае да се направи рамнотежа. Мораме постојано да мислиме и да бидеме сигурни дека гостите ќе имаат се што сакаат – вели таа.

Додава дека ВИП стјуардеса е многу тешka работа и дека е потребно многу жpтвyвање.