Стјуардеса со најдолг стаж во светот, според „Гинис“

ИЗВОРНов Лист
|

Бет Неш од Бостон, САД, го собори рекордот како професионална стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди. Таа тоа го работи 65 години.

Имено, Американката почнала да работи како стјуардеса во 1957, кога имала 21 година, прво за компанијата „Истерн ерлајнс“, а потоа и за „Американ ерлајнс“, до денес без никаков прекин во работниот однос. Гинисовата книга го потврди светскиот рекорд на 1 јули.

Неш рече дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон, бидејќи тоа и овозможува да се врати дома ноќе и да се грижи за нејзиниот син со хендикеп.

Гинис наведува дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот.

Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.