Што да направите ако ситемот на ЈП Градски паркинг не ви ја прифати пораката

|

ЈП Градски паркинг- Скопје ги известува корисниците на зонското паркирање дека понекогаш претпријатието се соочува со проблем при процесирање на пораките за паркирање или за стопирање на паркирањето, испратени од страна на корисниците.

„Станува збор за проблем од техничка природа на кој се работи на лоцирање и решавање.

Сакаме да им посочиме на граѓаните кога се соочуваат со неприфатена смс порака за паркирање или стопирање на паркирањето, веднаш да се јават во контакт центарот на ЈП Градски паркинг- Скопје. Во меѓувреме плаќањето за паркинг услугата треба да го направат со греб картичка истакната на ветробранското стакло. Во овој случај, важно е нашите корисници да не го напуштаат возилото додека не добијат повратна порака дека паркирањето е дозволено и започнато или додека не постават греб картичка.

За подетални информации, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви:
– Центар: 02 3 21 55 66
– Аеродром: 02 2 44 33 66
– Илинден: 02 3 29 82 10