Што да направите ако вашиот лет е откажан или одложен?

|

Поради голем број временски проблеми, недостаток на работна сила, намален капацитет, доцнењата и откажувањата на летовите можат да станат голема мака. Иако можеби нема да можете целосно да го избегнете овај проблем, постојат чекори што можете да го спречите, во најмала рака.

За да се заштитите од неочекувани ситуации, еве што можете да направите:

1. Добијте рефундирање

Понекогаш доцнењата и откажувањата на летовите се толку значајни што можете да откажете лет и да добиете рефундирање. Имено, доколку летот биде откажан од која било причина, а патникот одлучи дека не сака повторно да резервира повторно во таа авиокомпанија, патникот има право на целосна рефундација.

На аеродромот можете да добиете и паричен надомест кој може да ви го покрие ручекот за време на доцнењето на авионот. Тоа е еден вид „ваучер“ со одредена вредност.

2. Дејствувајте брзо

Кога летот е откажан или одложен, направете сé што можете за да разговарате со агентот кој го резервирал вашиот лет. На пример, ако сте на аеродром и чекате во ред за да разговарате со агент за продажба на билети, искористете го тоа време за да стигнете до компанијата преку нивната апликација или телефон. Исто така, користете веб-локации како што се Google Flights или Skyscanner за следење на алтернативните распореди на летови.

3. Како да стигнете до авиокомпанијата

Тоа не е лесно да се направи преку телефон, бидејќи телефонските линии се претежно зафатени. Затоа, размислете за социјалните мрежи или дури одете директно на аеродромот за да разговарате со агент за билети.

4. Држете се до директните летови

Колку помалку трансфери на летови, толку е помала веројатноста да задоцните. Се разбира, директните линии може да бидат поскапи, но во овој случај, со сета неизвесност со патувањето, ќе ви дојдат малку повеќе пари како осигурување од неочекувани доцнења или откажувања.

5. Планирајте го вашето време

Како општо правило, дајте си 60 до 90 минути пред секој лет. Бидете секогаш точни и на време, затоа што сме биле сведоци на мал милион ситуации кои можат да искрсант пред да полетате. Добрата организација нека ви биде правило број 1.

6. Размислете за патничко осигурување

Кредитната картичка веројатно ви нуди одредена заштита за откажани летови, па затоа би било добра идеја секогаш да плаќате за авионски билети со картичка. А доколку имате патни трошоци кои не сакате да ги платите во случај на откажување или доцнење на летот, набавете дополнително патничко осигурување кое ќе ги покрие тие трошоци. Осигурувањето може да биде многу различно од она што всушност го покрива, затоа проверете двапати пред да преземет било каков чекор.