Спрејот со заштитен фактор на прв поглед е попрактичен, бидејќи полесно се нанесува. Поради тоа и е доста популарен и продаван производ.
Но, со испрскувањето од спрејот, голем дел честички од козметичкиот производ завршуваат на површините околу нас, наместо на телото. На самите упатства пишува дека треба да се нанесува од поголема оддалеченост, па ваквите губитоци се очекувани.
Исто така, доколку прочитате повнимателно, на некои производи ќе најдете инструкција да прснете на дланката и да намачкате на телото. Во принцип, доаѓате до истото, но на многу понеекономичен начин.
Поради тоа, изберете лосион или млеко со заштитен фактор. Можеби ќе ви треба повеќе време додека да се намачкате, но барем сте сигурни дека рамномерно сте го нанеле производот.