Што е мартинка и зошто се носи на 1 март?

|

1 март е во знакот на правење и носење мартинки.

Мартинка е висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје, tоа се амајлии да Ве штитат од лошо. Мартинката се изработува од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена. Овој празник уште се нарекува и празник на “Баба Марта”.Мартинките се дел од културниот идентитет на македонскиот народ, но и дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка што го поврзува овој дел од Европа.

Овој обичај за правење и носење мартинки се јавува во неколку форми, во зависност од државата каде се практикува. Во Романија и Молдавија, мартинката се нарекува mărţişor, но таму мартинки носаат само жените, додека во Македонија и Бугарија ги носат сите. Македонците ја почитувале и негувале традицијата за носење и правење мартинки. Во класичниот изглед мартинката претставува засукан бел и црвен конец, најчестo волнен. Боите имаат строго определена смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.

Традицијата е на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Затоа со мартинката се кити котлето, во кое се дои првото млеко на Ѓурѓовден; со мартинка се заврзвуваат билките од Иванден. Мартинките, во некои земји се носаат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица.