Кога дете патува во странство со еден од родителите (кои се во брак) нема потреба од писмена согласност од другиот. Службените лица во ваков случај немаат обврска да побараат писмена согласност.
Согласноста е потребна ако детето патува без некој од родителите или старателите.
Согласно законот за патни исправи на државјаните ако лицето до навршени 14 години живот патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател или е во присуство на друго лице, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот. Таа треба да е заверена од МВР или нотар, односно од Државно конзуларно претставништво на Македонија во странство – велат од МВР.
Доколку родителите на малолетното дете се разведени, тоа не може да патува со еден од родителите доколку има забрана за патување согласно член 37 од законот.
Целиот текст прочитајте го на „Деца.мк“.