Што ќе ни донесе месечевата енергија до 2 март?

|

Младата Месечина во знакот Водолија на 1 февруари ни помогна да направиме промени во нашите животи. Сакаме повеќе време за дружење и повеќе слобода за остварување на своите лични цели. Ни требаат исто така, нови пријатели, не оние преку социјалните мрежи, туку некој кој ќе биде тука до нас, физички присутен. Доколку се чувствувате изолирано, најдете начин да се вклучите во активностите во кои отсекогаш сте сакале да учествувате.

Оние кои се родени во знакот на Бикот, Јарецот и Девицата, ќе се чувствуваат послободни на работа, а нивните иновативни идеи ќе им донесат успех. Лавот ќе се занимава со брачни и љубовни прашања, а Скорпијата со семејните. Рибите и Ракот ќе им бидат целосно посветени на другите, а Овенот и Стрелецот ќе најдат поуспешни начини за соработка со нивните бизнис партнери.

Полната Месечина во знакот Лав на 16 февруари ќе ни помогне да го отвориме срцето. Ќе бидеме подготвени да ги изразиме нашите чувства, да изјавиме љубов или да ја споделиме нашата тага. Таа ќе нè потсети дека прво мора да се сакаме себеси за несебично да им пружиме љубов и на другите. За лицата родени во знакот на Овен, Водолија, Вага и Близнаци – ве очекуваат среќа и успех како награда за сето она што досега сте го вложиле во љубовта, партнерството и пријателството.

За луѓето пак, родени во знакот на Бикот, Лавот и Скорпијата, ова е возбудлив и динамичен период на работа, но и дома, исполнет со многу смеа и креативност. За оние кои му припаѓаат на знакот на Јарецот и Ракот, ова ќе биде идеалниот момент да ги подигнат заслугите со оглед на досегашниот труд што го вложиле во нивните проекти. Девицата и Рибите смело ќе влезат во независен проект на работа или ќе донесат важна одлука поврзана со кариерата, а Стрелецот мора да ја почувствува слободата да патува, без разлика дали станува збор за вистинско или духовно патување.

Со младата Месечина во Риби на 2 март, нема да биде лесно да застанеме цврсто на земја. Со задоволство ќе талкаме во светот на убавината, гламурот, имагинацијата, уметноста или соништата. Започнете да водите дневник во кој ќе ги запишувате вашите соништа и ќе се обидете да го одгатнете нивното значење. Доколку сè уште не сте почнале со курс по медитација или креативно пишување, ова ќе биде идеалниот момент да се запишете. Секако, не занемарувајте ги и вашите интереси во поглед на фотографијата, филмот, сликарството и музиката кои можат да ви бидат инспирација за некои од вашите идни замисли.

Во овој период, силната инспирација ќе им биде водилка на оние родени во знакот на Ракот, Скорпијата и Рибите, а љубовната среќа пак, ќе биде на страната на Бикот, Девицата и Јарецот. Луѓето кои се родени во знакот на Близнаци, Вага и Водолија, ќе најдат начин како да ја применат нивната имагинативна енергија во рамките на бизнисот и ќе бидат креативни, особено во поглед на финансиите. Енергијата на младата Месечина ќе им помогне на Овенот, Лавот и Срелецот да се справат со немирот кој го чуваат длабоко во себе и да почнат мирно да планираат нови потфати