Актерката Силвија Стојановска е член на ансамблот на Драмски театар – Скопје, таа беше и директор во 2005 година. Нејзината последна филмска улога беше „Ослободување на Скопје“ во 2016 година, а сега е актуелна со улогата во домашната телевизиска серија „Фамилија Марковски“.
По нејзиното притворање за учество во шверц на 700 кг наркоти*ни средства, за што давала логистика и го земала кешот, се поставува прашањето дали ќе и продолжи ангажманот во серијата Марковски.
Имено, од продукцијата на серијата Марковски засега не откриваат дали ќе има замена за Силвија Стојановска или серијата ќе се движи во друг правец.
Да потсетиме, на актерот Владо Јовановски му беше прекинат ангажманот во серијата Преспав, поради неговиот политички ангажман.
–„ Улогата на ликот Миле, во популарниот телевизиски серијал „Преспав“, повеќе нема да го игра актерот Владо Јовановски, а во новиот кастинг на негово место веројатно ќе игра актерот Игор Џамбазов. До промената на актерите дошло поради недоразбирањата со продукцијата, што неофицијално дознаваме, ги предизвикал политичкиот ангажман на актерот Јовановски“- пишуваа медиумите во 2017 година.
Да не заборавиме и дека Силвија Стојановска беше доста гласна за времетраењето на „Шарена револузија“ таа беше поборничка на паролата „нема правда- нема мир“. Дали ова за што таа е осудена е праведно и дали сега има мир?