„Прекрасна песна“, „моќен глас“, „таа е навистина добра“ и „ме потсетува на песните од Дизни“. Што Американците мислат за нашиот претставник на Евровизија во Тел Авив?
Јутјуб каналот „FBE“ со над 19 милиони следачи објави видео во кое Американци го даваат своето мислење за евровизиските песни. Еден од коментаторите е и Ненад, кој во видеото кажува дека е од Македонија и вели дека го гледал натпреварувањето како помал, последните 10 години не го гледал.
Тамара Тодевска со песната „Proud“ заврши на седмото место на годинешното издание на Евросонг, но беше прва од жирито.
Престижниот магазин Форбс за Тамара: Вистинскиот човек со вистинска порака за еднаквост
И престижниот Форбс со пофални зборови за нашата претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска. Тие истакнаа дека со нејзиниот одличен настап ја направија Македонија горда.
Тие велат дека „Proud“ е песна која носи силна порака, ставајќи ги жените во преден план и многумина ширум Европа веќе ја нарекуваат и химна на феминизмот. Сепак Тамара објаснува дека оваа песна не е само за жените, туку баш напротив „Proud“ е песна за сите они на кои им било кажано да ја спуштат главата доле.
За Македонците кои гледаа Евровизија оваа година беше невројатен емоционален ролеркостер. Македонија водеше речиси цело време додека беа давани гласовите од жирито. Велика Британија, Албанија, Австрија, Данска и Швајцарија и дадоа 12 поени на Тамара. Со пораката која ја носи „Proud“ беше полн погодок и им беше фаворит на многумина, вклучувајќи го Бој Џорџ.
Целиот текст на Форбс прочитајте го ТУКА.