|
Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост.
Што се однесува до обичаите околу храната на овој ден, уште одамна е востановен строг пост на вода, односно консумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа денеска според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир, посна паштета и слично. поголемиот број христијани на денешен ден јадат варен зеленчук или суров зеленчук и овошје.
Во некои манастири монасите не јадат ништо денеска се до заоѓањето на Сонцето, а до ова правило се придржуваат и некои верници.
Исто така, некои избегнуваат користење вилушка, но ж или било што остро како прибор за јадење, бидејќи тие предмети го симболизираат копјето.