Што носи полната Месечина во Риби за одредени хороскопски знаци?

|

На 10 септември пристигнува полна Месечина, а овие три хороскопски знаци ги чека целосен хаос.

Во септември дури 6 планети ќе одат ретроградно, а тука е озогласениот ретрограден Меркур. Сепак, и покрај тоа септемвриската полна Месечина е одлично време да се опуштите во вашиот мал свет и да се фокусирате на вашите очекувања, желби и соништа.

Овој месец полната Месечина на небо ќе се појави на 10 септември. Оваа мена не мотивира да се подготвивме и оформиме планови за промена на сезоната. Иако полната Месечина е период за преземање акција, овој пат поради интензивната ретроградност подобро е да почекате со планови и конкретни потези, пишува Bustle.

Како и да е, полната Месечина секогаш носи драма, посебно за овие три хороскопски знаци:

Близнаци


Ова е многу важен период за вашата кариера и имиџот во јавност, па можно е да чувствувате притисок околу тоа каков впечаток оставате на околината. Ова за вас ќе биде период преполн со акција и можеби ќе се чувствувате принудени да направите големи, клучни потези, но сега не е момент за такви одлуки.

Подобро смирете се и одложете го носењето важни одлуки за понатаму.

Девица


Полна Месечина во Риби посебно ќе влијае на вашите односи со другите. Можно е повторно да стапите во контакт со некои поранешни партнери, додворувачи или пријатели, особено во време на ретрограден Меркур. Ова е прилика да тестирате колку сте цврсти кога станува збор за развојот на здрави односи.

Оваа мена ве поттикнува да заборавите на лутината или старите аргументи кои ве спречуваа да се помирите и дава знак да одите напред. Веројатно ќе бидете збунети околу тоа кој е добар за вас, а кој не е. Но, полната Месечина ќе ви помогне да го сфатите тоа, па дури и ако биде болно што ќе откриете дека некој не е тоа што сте го замислувале вие.

Риби


Оваа полна Месечина ќе биде одбележана со посветеност на различни меѓучовечки односи. Ќе доживеете целосно емоционално ослободување и ќе бидете почувствителни отколку што сте. Со оглед на тоа дека сте еден од најранливите знакови во Зодијакот, подгответе се на период преполн со емоции.

Преземете одговорност за тоа како се чувствувате и потрудете се да не ги повторувате грешките од минатото, бидете свесни дека тоа е рецепт за катастрофа.