Што пие Путин од својот бел термос кој го носи секаде со себе

ИЗВОРnovlist.mk
|

Путин не оди на преговори без својот бел термос. А сега знаеме и што има во него. Претседателот на Русија, Владимир Путин, рекол дена наместо црн чај, пие чај од алтајски треви.

“Знаете, јас дури и не пијам црн чај…Пијам чај од трева од Алтај”, рекол Путин на состанокот по прашањата за земјоделие и рурални краеви, пренесува “Russia Beyond”.

Интересно е дека оваа година на официјалната вечера во јапонскиот град Осака медиумите снимиле како рускиот претседател наздравува со колегите претседатели со својот термос.


“Работата е во тоа што Путин секогаш пие чај од тој термос”, одговорил тогаш Песков.

Инаку, рускиот претседател е голем љубител на алтајската природа.