Многу од турските традиционални јадења и денес се присутни на нашите трпези. Турција е препознатлива по долгата традиција и богатата култура што е видливо и кога станува збор за нивната кујна.
Ова се топ 10-те највкусни традиционални турски јадења, а доколку сте ја следеле популарната турска серија „Сулејман Величествениот“, некои од овие јадења можеби ќе ги препознаете.
Менемен
Овој традиционален турски појадок всушност е кајгана која што е подготвена со динстан зеленчук, а се служи додека е топла со парчиња леб.
Ќофте
Ќофтињата се плескавици од мелено јунешко месо или пак јагнешко, а може да бидат послужени како динстани, во сендвич, со салата или едноставно само со јогурт.
Мантии
Мантиите на прв поглед може да ве асоцираат на равиоли, но ова традиционално турско јадење има единствен вкус и текстура. Малите кнедли со говедско или јагнешко месо се варат или се пржат, а потоа се сервираат со јогурт или маст. Често ги подготвуваат со многу зачини.
Кузу Тандур
За ова популарно јадење се користи традиционалното јагнешко месо кое полeко се пече, а често се послужува со ориз или компир и јогурт.
Лахмаџун
Ова крцкаво лепче традиционално е наполнето со мелено месо, салата и лимонов сок, а може да се јаде замотан или преполовен на пола. Совршен е како “лесен“ ручек или ужина.
Бурек
Најчесто е исполнет со мелено месо или спанаќ и сирење, тој може да биде послужен замотан или како лазањи, а се послужува за доручек, ручек, вечера, ужина… Кога и да го јадете бурекот секогаш е сочен и вкусен.
Баклава
Полна е со ореви и шербет, а често со мелени ф’стаци на врвот. Таа е слатка, единствена и треба секогаш да се јаде кога е свежа.
Пиде
Често се нарекува и „Турска Пица“, се состои од тесто во облик на “бротче“, а се послужува со мелено месо или спанаќ и сирење.
Güllaç
Традиционален рецепт кој често се послужува за Рамазан. Güllaç е со единствена текстура направена од тесто, млеко, вода, ореви и семки од шипки. Во некои варијанти може да се стави и некое друго овошје.
Мезе
Вообичаено е да се послужи мезе, односно ладно предјадење со пијалок наместо целиот оброк.