Што се случувало во последните часови на Дивна Карлеуша: Драмата почнала ден претходно

ИЗВОРСкопје24
|

Радиоводителката Дивна Карлеуша во неделата на 3 март околу пладне ја изгуби битката за живото. Таа го напушти овој свет на 61 година, а вчера беше за последен пат беше испратена од страна на семејството, пријателите и бројни личности од јавниот живот на Србија и пошироко.

Според сознанија на Пинк.рс, состојбата на Дивна ѝ се влошила во саботата вечерта, кога била повикана и брза помош.

На Дивна ѝ се слоши во саботата и уште тогаш беше јасно што ќе се случи. „Брзата помош брзо реагираше, лекарите успеаја да ја смират ситуациајта, а на Јелена не сакаа да ѝ јават, зашто таа вечер имаше закажан настап во Австрија. Но, утредента околу пладне веќе ѝ немаше спас, брзата помош само ја констатираше ситуацијата“, изјавил извор близок на семејството.

Српските портали исто така објавија дека кога тажната вест го завила во црно домот на пејачката и фудбалерот, ЈК ги испратила ќеркит Ника и Атина кај золвата во Зрењанин.

„Јелена беше многу врзана за мајка си. Тие двете имаа посебен однос, па и Ника и Атина многу време минуваа со баба им. Сакаа да бидат со неа, зашти им угодуваше за сè. И самата таа често велеше дека е најгордата баба зашто има прекрасни внуки. Затоа и Јелена одлучи барем на кратко да ги тргне децата и да ги заштити од траумата. Не сакаше да присустввуаат на потресните сцени, но планира утре да оди и да ги земе“, рекол доброупатен извор од семејството на пејачката.