Што смеете, а што не смеете да носите со себе во авион?

ИЗВОРновлист
|

Прочитајте ги овие 7 правила кои морате да ги почитувате доколку летате со авион:

Секогаш кога патувате треба со себе да си понесете будилник, исто така може да си понесете фен за коса, чешел и четка за заби и паста. Не секој хотел ги има овие работи. Може да си понесете фотоапарат, но не ги заборавајте полначите за мобилен телефон, лаптоп, таблет.

Доколку патувате во вашето бебе, едно од правилата за пакување кое вие како родители мора да го почитувате е да спакувате доволно пелени за бебето. Во рачниот багаж кој оди со вас во авион понесете и шишенце млеко, тегличка со храна и медикаментите кои му се неопходни на вашето бебе.

Доколку одите на далечна дестинација може да си понесете лаптоп или таблет, но не заборавајте да ја наполните батеријата пред да патувате и да обезбедите неколку интересни филмови или серии за занимација. Исто така може да си понесете некоја интересна книга или списание.

Не знаете каква храна ве очекува во авионот, па не би било лошо доколку понесете малку храна со себе во рачниот багаж. Многу е важно да знаете дека сите течности кои ќе ги внесете со вас во авионот, не смеат да бидат спакувани во шишенца поголеми од 100 мл и нив треба да ги собере во една пластична кеса со средна големина.

Дел од вашата козметика можете да ја понесете со вас во вашиот рачен багаж, но во шишенца со големина од максимум 100 мл. Што се однесува до лекарствата, најдобро ќе биде да ги понесете во нивното оригинално кутиче.

Доколку носите дезодоранс треба да ви биде сместен во чекираниот багаж. Што се однесува до понесувањето алкохол во чекираниот багаж, најверојатно нема да ви прават проблеми ако понесете фабрички затворени алкохолни шишиња, чија вкупна тежина не надминува повеќе од 5 литри и не содржи повеќе од 70% алкохол.