Што треба да направите со старата света вода што ви останала од Водици

|

За време на Водици верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со старата света вода?

Според народното верување, доколку целата количина на Богојавленска вода не се потроши во текот на таа година, тогаш остатокот, кога ќе земете нова вода, се сипува во бунари, река или цвеќе.

Во секој случај се истура таму каде нема да биде изложена на газење или обесветување.

Празникот Водици инаку се празнува два дена. Првиот, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици. Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици, кога главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. На тој ден, именден слават сите чие име е изведено од името Јован.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Водици е празник над празниците и во резлични делови од Македонија се одбележува со многу интересни и неповторливи фолклористички обреди.