Што возат членовите на на жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Некој нов автомобил од 100.000 евра, некој половен од 10.000

|

Не е јавна тајна дека членовте на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ се добро платени за својата работа и шоуто кое го прават, а секако и тоа не им е единствен извор на приходи, па поради тоа Марија Шерифовиќ и Ана Бекута си дозволија да дојдат на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ со нови автомобили.

Евровизиската победничка се почестила со џип БМВ Х5 М кој чини дури 100.000 евра, додека нејзината колешка од жирито на популарниот музички натпревар вози „Шкода Карок“ од 25.000 евра, што и ја подарил нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ – Мрка.

„Марија обожава скапи и луксузни автомобили, па се случувае буквално целата заштеда да ја потроши на нов автомобил. Бидејќи со автомобилот оди на повеќето тезги, пред крајот на летото одлучи да купи нов џип – купи БМВ Х5 М за 100.000 евра“ – вели извор близок до пејачката, додавајќи дека мајка и Верица се обидела да ја убеди да не трошат толку пари за автомобили.

„Кога Верица слушна дека Марија ќе даде 100.000 евра за автомобилот, рече дека е подобро да купи уште еден стан во Белград за тие пари! Марија не сакаше да се откаже, рече дека автомобилот е втора куќа за неа, бидејќи често патува и дека сигурно ќе го купи џипот што го меркаше цело лето. Како што открива нашиот соговорник, мајката и ќерката дури и се скарале поради тоа.

Веруваме дека за Марија тоа не големи пари и истите може да ги врати со неколку поголеми настапи, но покрај новиот автомобил, Марија одлучила и да ангажира возач, кој ја вози на снимање на „Ѕвездите на Гранд“.

„Порано се случуваше Марија да доцни на снимање, но бидејќи сега има возач, секаде пристигнува на време. Еве, минатата недела пристигна прва и веднаш ги прозва сите членови на жирито да побрзаат“ – вели соговорникот.

Истиот ден, колешката на Марија, Ана Бекута дојде на снимање со нов автомобил, „Шкода Карок“ која ја доби од од нејзиниот партнер Мрка.

„Мрка постојано ја возеше Ана на снимањата, но како што се влошуваше неговата здравствена состојба, лекарите го советуваа да се одмора што е можно повеќе. Затоа одлучи да и подари автомобил од 25.000 евра. Така Ана сега вози сама и воопшто не и е тешко“ – ја завршува приказната извор близок до пејачката.

Судејќи според автомобилот што го вози, Ѓорѓе Давид е „најскромниот“ член на жирито.

Пред новата сезона на натпреварувањето, тој се почестил со половен „каараван„ Опел Инсигнија“ од 10.000 евра.