Стојче низ солзи раскажува: Децата ми јадат леб и кромид – им давам 5 денари за училиште

ИЗВОРНов Лист
|

Cвојата приказна, Стојче од село Ерџелија ја споделува во емисијата ,,Срце на дланка, во која раскажува како со своето семејство веќе неможе да го издржи суро виот живот, тој нема ниту за корка леб, куќата може во секое време да му пад не врз глава.

Тој вели дека не знае кога последен пат се насмеал, и кога ја видел светлината на денот, а проблемите не се намалуваат туку секој ден се дуплираат.

Стојче и сопругата Татјана го сакаат најдоброто за своето семејство но судбината не била на нивна страна. Стојче е 37 годишен татко на три деца.

Никогаш не верувал дека ќе дојде до ова ниво, ситуацијата му се менува од корен кога останува без работа и без начин да ги исхрани децата.

– Од 2006 година сум во брак а година подоцна ми се раѓа и првото дете. Потоа дојде и второто дете а најмалото има десет години. Како млад одев шетав, имав колку толку нормален живот како сите други, имаше и тогаш тешкотии и си велев ајде ќе се оженам за да си го подобрам животот. Се оженив започнав со работа, но ситуацијата стануваше полоша, работата не ми беше стабилна, работев како сезонски работник.

– Во неколку прилики јадевме само леб и кромид, тоа ти е животот, вели со воздишка Стојче од Eрџелија кој животот не го милувал.

Како што вели Стојче натешко му било кога неговата сопруга била во болница во Скопје но тој немал пари за да ја посети.

– Кога ја примија докторот ми рече дека животот и виси на конец, немав пари да одам со превоз, одев со авто стоп, секој ден одев.

– Сум јадел по само едно парче леб на три дена, само да има за децата, нај тешко за еден родител е кога на детето неможеш да му направиш да јаде. Нај тешко ми е кога дете ми бара, јас немам, па се кријам по други соби и плачам за да не ме видат, последните четири месеци сме без денар вели Татјана.

– За да си купиме сокче понекогаш бараме по 20-30 денари или слично, и додека другите јадат убави банички и кифли, ние само гледаме и јадеме тоа мама што приготви од дома, вели едно од децата на Јакимови.

– Ни треба најмногу прибор за на училиште и и пари за да си го овозможиме тоа, и би биле посреќни, нашите за жал толку можат.  Желба ми е да можам да најдам некоја работа, колку толку да се прехраниме и децата да ми бидат среќни, да се средат работите и да нема нер вози, вели Татјана за крај.