Стојчев: Веруваме во успех за нас утре е голем ден

ИЗВОРТелма
|

Фудбалерите на Академија Пандев утре во реванш дуелот против Лехија од Гдањск ќе се обидат да ја надополнат негативата од три гола по гостувањето во Полска и да се пласираат во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

“Жалиме за резултатот од првата средба, игравме добро, не искористивме шанси, без разлика каков е резултатот од првиот меч, веруваме во успех. За нас утре е голем фудбалски ден, веруваме дека можеме до следната рунда, Марко Ѓорѓиевски е пов реден, и нема да игра, како и Бојан Димовски и Коста Манев кои се пов редени. Влегуваме во мечот да победиме, тоа е нашата желба. Во Полска испуштивме многу шанси, утре не се откажуваме, веруваме во екипата, ќе одиграме офанзивно, екипата ќе направи се за успех, ќе одиме до крај. Европските натпревари се тешки за нас, се игра со висок ритам, ако утре одиграме како во Полска, во Скопје можеме да се надеваме на добар резултат. Утре Академија Пандев мора да одигра перфектен натпревар, без грешка, Лехија има одлични напаѓачи, како тим треба да одиграме, агресивно и силно, и секако тимски”, изјави тренерот на струмичани Ѓорѓе Стојчев.