Столе Стоилов ќе стане татко

ИЗВОРНов лист
|

Еден од нашите најдобри ракометари – Столе Стоилов, наскоро ќе игра на уште една многу важна позиција во својот живот, за која воопшто не се сомневаме дека ќе биде одличен. Столе Стоилов наскоро ќе стане татко, објави Еспресо.мк.

Да, добро читате. Нашиот најдобар пикер за многу скоро ќе се оствари и во таа нова улога. Неговата избраничка, која досега не ѝ е позната на јавноста, се вика Деница и е од Скопје.

За нивната љубов знаат само најблиските, а она што ѝ е познато на редакцијата на Еспресо.мк, Деница е по професија уметник.

Екипата на Еспресо.мк се обиде да стапи во контакт со познатиот ракометар за да ја потврди оваа информација, меѓутоа досега не е добиен никаков одговор.

Познато е дека Столе никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот, но работата на естрадните новинари е секогаш да ја информираат јавноста и за приватниот живот на познатите личности…