Стопанска банка со важно известување до своите клиенти

|

Стопанска банка АД Скопје, на својот официјален фејсбук профил, објави известување до своите клиенти, кое ви го пренесуваме во целост:

,,Почитувани клиенти,

Од синоќа на социјалните мрежи кружи невистинита објава од наводен корисник на платежни картички од Стопанска банка поврзано со опциите за бесконтактни плаќања со картички од Банката.

Веруваме дека конкретната објава е пуштена без тенденции иако воопшто не ја отсликува реалноста (или се однесува на картички од друга банка), односно опишаните ситуации не важат за картичките издадени од Стопанска банка.

Ја користиме оваа прилика да посочиме дека при користење на бесконтактната функција за плаќање со кредитни или дебитни картички од Стопанска банка во земјата или во странство, не постои ситуација во која картичката ќе биде блокирана. Повторуваме, блокирање на картичката не се случува со редовно користење на картичката.

За поголема заштита на своите корисници на бесконтактни платежни картички, сепак Стопанска банка има воведено дневен кумулативен лимит за бесконтакти плаќања во трговија во вкупен износ од 8.000 денари независно од локацијата каде се извршуваат плаќањата (во земјата и странство). По надминување на дневниот лимит, картичката и понатаму останува активна за користење, но за извршување на плаќањата задолжителен е внес на ПИН код кој секој корисник мора да го знае за својата картичка. Секако, трговците се многу добро запознаени со овие правила и при неуспешен обид за бесконактно плаќање веднаш преминуваат на плаќање со ПИН.

За сите дополнителни прашања поврзани со картичките на располагање го имате нашиот 24/7 контакт центар на (02)3100 109 или нашата веб страница www.stb.com.mk”, стои во известувањето од банката.