Сторија на Сител: Скопјанец плаќа енормно високи сметки за парно, а не може ни да се исклучи

ИЗВОРНов лист
|

Скопјанецот Апостол Шумановски се жали дека со години плаќа високи сметки за парно греење кои некогаш достигнуваат и над 20 илјади денари. Иако годишно добива 7 фактури тврди дека сумата е превисока за квадратурата во која живеат. Вели дека сметките одвај ги плаќа, особено сега во периодот на здравствена криза кога сите имаат проблем со беспарицата.

– За мојот спрат 80 квадрата нема ни толку стигаат од 6.000 до 8.000, за горниот спрат до 18.000 месечно доаѓаат сметките. Кога ги викнав да ми помогнат ми рекоа да го намалам калориметарот кога го намалувам горе не грее, вели Шумановски.

Поради високите сметки побарал од системот да се исклучи барем едниот кат, но тврди дека му било соопштено дека нема да му дозволат.

– Ми рекоа да поднесам молба, но дека од април не може да се исклучува. Куќата е моја зошто да не можам да го исклучам, не сакам да се грејам. Ја плаќам на калориметар, не сакаат да ми дозволат да плаќам на квадратура зошто не им се исплати зошто така нема да им плаќам толку високи суми, додава Шумановски.

Од Бег за конкретниот проблем одговор ќе достават во понеделник.

Шумановски вели дека техничките лица му рекле дека тој не е едниствениот што се жали на високи сметки за парно. Во меѓувреме надлежните институциии и Владата се залагаат што е можно повеќе граѓани да се грејат на парно со образложение дека е најеколошки начин засега и е најисплатливо.

Мината година се намали и ДДВ то за топлинска енергија, а Регулаторната комисија за енрегетика поднесе и иницијатива за предлог закон со кој при градење на нова зграда инвеститорот ќе биде обврзан да инсталира систем за парно во населбите каде има можност, односно има постоечка инфраструктура.

Во моментов на градско парно се приклучени близу 60 илјади домаќинства.