Стотици дедомразовци в недела ќе трчаат во центарот на Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Во дедомразовски костими ќе трчаат од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километра и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Некои ќе трчаат за да ја испратат успешната спортска година, некои ќе почнат со трчање (она познатото “од Нова година нема веќе зезање”)

В недела на 23 декември, во Скопје, ќе се одржи традиционалната дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костими ќе трчаат во центарот на главниот град. Трката покрај натпреварувачки има и забавен карактер и на неа може да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километра и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку вебп-страницата www.prvdovrv.mk.

– Некои ќе трчаат за да ја испратат успешната спортска година, некои ќе почнат со трчање (она познатото “од Нова година нема веќе зезање”), но сите заедно ќе се забавуваме најмногу и ќе си посакаме најубави желби во годината што доаѓа – велат од “Прв до врв“.

Стартот и финишот на трката се на плоштадот Македонија, а ќе се трча кон Порта Македонија, Парк Жена борец, Холидеј ин, мостот кај МНР, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта. Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 9 до 11 часот на денот на трката.

Учеството во трката чини 300 денари, а за првите 300 пријавени следува целосен дедомразовски костим, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.