Штрајкуваат поединци во ЈСП, автобусите сообраќаат низ главниот град

|

Редуциран број на автобуси на ЈСП најавија дека ќе возат во Скопје поради штрајк на еден од синдикатите во јавното претпријатие.

Утрово дел од возачите велат дека штрајкуваат поединци.Според нив сите автобуси се во сообраќај.

Вчера членови на синдикалната организација Спајс најавија дека ќе протеастираат утрово од 4.30 до 12.30 часот. Барањата на синдикатот Спајс поради кои се одлучиле за штрајк е усогласување на минималната плата со колективниот договор, неисплата на прекувремени часови ниту хранарина на работниците во ноќната смена. За штрајкот Спајс нема подршка од другите синдикати во ЈСП, од каде велат дека ќе има автобуси на улиците во главниот град, а за барања на нивните колеги дека се конфузни и нелегитимни