Странците одбраа: Најубавите зимски дестинации на Балканот

|

Во светските медиуми, сè почесто се спомнува Балканот како примамлива дестинација за патување.
Па, порталот Culture Trip направи листа од најпосакуваните балкански зимски дестинации.
Листата е направена според изборот на читателите, а целата можете да ја погледнете во продолжение:

Блед, Словенија
На првото место се наоѓа Бледското езеро, кое во текот на зимата замрзнува и изгледа магично.

Покрај неверојатните пејзажи, посетителите можат да уживаат и на скијачкиот центар кој се наоѓа во близина.

Врњачка Бања, Србија
Ова е совршена локација за сите кои сакаат да уживаат во затворен топол базен, но и за оние кои сакаат да скијаат.

Минералните извори во Врњачка бања прв пат биле откриени од римските војници. Оттогаш, тие се главната атракција на ова место.

Пространите паркови се одлично место за прошетка во текот на зимските месеци.

Гребенот Кончето, Бугарија
Иако Бугарија е позната по ски центрите, на листата се наоѓа гребенот Кончето, во националниот парк Пирин.

Доколку отседнувате во Банско, лесно можете да стигнете до овде, а локацијата е совршена за љубителите на планинарењето.

Ова место е познато по интересниот временски феномен – неретко, од едната страна на гребенот е облачно и дождливо, а на другата сончево.

Охрид, Македонија
На листата се најде и град од Македонија – Охрид.

Охрид е едно од најимпресивните места во Македонија, има богата култура и овде ќе најдете градби од четвртиот век пред нашата ера.

Шар Планина
Иако можеби скијачкиот центар не е во најдобра состојба, многу странски туристи ја препорачуваат Шар Планина.

Покрај тоа, природата навистина ќе ве остави без зборови.