|
Секторот за внатрешни работи Скопје, поточно Единицата за безбедност на патниот сообраќај на 10.09. и 11.09.2023 година (недела и понеделник) по повод одржување на лидерскиот состанок во Процесот Брдо – Бриони ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Имено, во текот на овие два дена во официјална посета на Република Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се одвива под услови на посебен режим на сообраќај.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.