Страшни сцени од Србија: Ветрот корнел дрва и срушил покриви – Доаѓа ли невремето во Македонија

ИЗВОРНов лист
|

Иако пред само една недела страшно невреме ги зафати Скопје и Македонија, по само ден-два уживавме во прекрасно сончево време, но денеска невремето кое ги зафати северните делови на Војводина, проследено со дожд, грмотевици, преминало и на западните делови од Србија.

Во некои делови од земјата ветрот буквално корнел дрвја, а состојбата најлоша била во Белград во Блокот 45. Во Суботица во текот на 8 часот наутро имало силни грмотевици и дожд проследени со мраз и силен ветер.

Evo jedne fotke kako je prolazak današnjeg fronta uz kratkotrajno olujni vetar i jaku kišu izgledao na aeorodeomu Surčin…

Gepostet von VojvodinaMeteo am Dienstag, 11. Februar 2020

Времето во овој дел од Србија се стабилизирало.


Невремето го погодило и градот Зрењанин и неговата околина. Во текот на невремето ветрот усепал да сруши и изолациона фасада од зградите.

Моментално и Скопје започнува да го зафаќа невреме, па по се изгледа дека силните ветришта пристигнаа и во Скопје