Како што претходно кажавме, во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во понеделник, кога услови за врнежи од снег кој би бил релативно мокар ќе има и на некои места со надморска височина од околу или под 1000 метри, и тоа особено во западните и во северните предели.
Исто така во првите денови од следната недела ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени, додека нешто пониски температури ќе имаме во понеделник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.
Уште поголемо заладување на времето се очекува од средината на следната недела, односно од среда. Но детална анализа околу ова следува понатаму.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Од понеделник ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 10 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki