СТУДЕН БРАН ОД СЕВЕР ОД УТРЕ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ – ЌЕ ИМА И ЧЕСТИ, КАКО И ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ

|

Ова попладне особено во централните и во источните предели од Македонија, како и во Скопскиот регион е нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на НЕВРЕМЕ.

Под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса од север, од утре па се до крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и овие денови се очекува да наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2).

Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје и околината исто така следуваат почести врнежи од дожд и ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ температури.

Температурите од утре па натаму ќе бидат МНОГУ ПОНИСКИ за разлика од денешните, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за месец мај и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16, 17 степени во најтоплите југоисточни предели. Наутро и во ноќните часови температурите на многу места ќе паѓаат под 10 степени.

На планините во регионот со овој студен бран повторно се очекува СНЕГ.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!