Студениот бран од север се спушта кон Балканот и Македонија: Ќе ги донесе првите снегулки за оваа сезона на планините

|

Под влијание на студен и влажен воздушен бран од север, во следните часови на Балканскиот Полуостров температурите драстично ќе се намалат, и за повеќе од 10 степени.

Сето ова ќе биде проследено со силен северен ветер, на Јадранот силна Бура, а ќе има и врнежи од дожд. Со заладувањето, на планините над 1600, 1700 м.н.в се очекуваат и првите снегулки за оваа сезона.

Овој бран во Македонија ќе пристигне ноќта недела кон понеделник и ќе донесе засилен северен ветер, локални врнежи од дожд и нагло заладување на времето, односно температурите од понеделник ќе се намалат за 8 до 10 степени во споредба со сегашните, понекаде и за повеќе од 10 степени. Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови и во Македонија да провее по некоја снегулка.

Следната седмица ќе биде многу променлива, повремено ќе има и врнежи, особено во понеделник претпладне и во вторник во текот на целиот ден. Во понеделник температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а уште постудено ќе биде во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Сепак од средината на следната седмица повторно се враќа значително потоплото време, односно ќе имаме сеуште потопли денови, и покрај оваа голема и нагла промена на времето која ни следува.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!