Владата на денешната седница одлучи да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата.
Притоа, како што наведе владината прес-служба, неопходно е почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од болеста, како што се задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за им*низација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.
Владата на денешната седница одлучи и основците од утре да можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска.