Супер трик: Отстранете ги налепниците од стаклените садови брзо и лесно

ИЗВОРНов Лист
|

Откако сте ги испразниле теглите од она што го имало во неа, соберете ги, колку што можете, во најголемиот лонец кој го имате.

Ставете ги во лонецот и ставете вода доволно да ги прекрие, додајте малку детергент за миење садови и варете додека налепниците сами не се отстранат и не испливаат.

Откако ќе ги извадите од вода, додека се се уште топли, лепливите подрачја истријте ги со четка или жица за садови и малку сода бикарбона. За неколку секунди би требало да бидат потполно чисти.

На овој начин можете да исчистите неколку стаклени тегли, во зависност каков лонец имате и колку ви треба.

Исчистените стаклени тегли искористете ги за зимница, слатко или џем. Стаклените тегли можат да ги заменат пластичните амбалажи, па во нив да чувате тесенини, шеќер, сол или зачини.