Суптилна заводливост и колоритот на Африка – модна ревија на Lisca за пролет/лето 2020

ИЗВОРСкопје24
|

Убавици од Македонија, Словенија, Хрватска, Бразил… ги претставија модните трендови на костими за капење кои ќе ги носиме наредното лето

Во Порторож повторно беше топло. Lisca на традиционалната средба во Гранд хотел Бернардин ги покани партнерите од повеќе од 20 држави за да им ги претстави за прв пат модните трендови за пролет/лето 2020. Разгледувајќи ги фотографиите и вие ќе сте меѓу првите кои ќе го видат трендот на костими за капење и долна облека кој ќе се носи следната година. Тие беа дизајнирани од креаторките на Lisca Мелита Летнар, Сузана Горишек, Маја Недиќ, Клементина Кранвогел, Марјана Ќешњевар и Софија Урумовиќ под водство на креативната директорка Маја Ратајц и директорката за развој и производство Даниела Клеменчиќ.

Што е тоа што ќе ги воодушеви љубителите на долна облека? Модерните и романтични модели од нежна чипка и модерен вез, транспарентни инсерти, безшевни завршетоци, нежни принтови… Колекцијата Lisca Selection со одличната комбинација на cut-out исечоци и нежна проѕирност на раскошниот вез, со чипкастите модели и Swarovski кристали создава рамнотежа на невиност и смелост кои го забрзуваат сечиј пулс. Романтичното кокетирање со трендовите од минатото, спомените од детството, тајните на нашите баби… пријатните природни материјали или носталгични примероци на долна облека и пижами во модерни и лесни кроеви ја одбележуваат колекцијата Lisca Cheek.

А модата на костимите за капење? Внесува свежина во омилените летни мотиви и разноликоста на моделите, помеѓу кои секој ќе го пронајде својот идеален одмор. На љубителите на романтиката и егзотиката ќе им се допаднат и цветните и тропски мотиви, облеани со модерните варијации на морнарскиот стил. Можеби ќе ве воодушеви етно, афрички штих или графички мотиви позиционирани за дискретно обликување на линијата… Наредното лето ќе носиме нијанси на плави, розеви, зелени и тренди земски тонови. Колекцијата Lisca Selection ќе ги воодушеви модерните Клеопатри, за кои се создадени оригиналните модели со екстравагантни детали. Додека, костимите за капење на Lisca Cheek ќе бидат за тие кои што сакаат да остават свој печат – во светкави или ретро модели. Сепак, мора да ја издвоиме минималистичката, а двострана серија на еко материјали кои се прават од рециклирани шишиња пронајдени на морските брегови. Трајно, удобно и тренди. А кроевите? Ќе продолжат да ве воодушевуваат high-neck моделите, high-leg гаќичките и модерните варијанти на триаголни градници.

Свежите трендови беа претставени од меѓународна манекенска екипа со убавици од Македонија, Хрватска, Словенија, Бразил… На модната писта здивот го одземаа Маја Зупан, Мис Словенија 2017., Ема Пералта, победничката на World Top Model Словенија 2018. и Ариана Хоџиќ, моменталната Мис туризам на Словенија.