Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева синоќа се породи и на свет донесе момче.
За потсетување парот еден месец од свршувачката, организираше свадба која се случи во еден скопски ресторан во кругот на најмилите и најблиските.
Потоа, во една емисија Сузана истакна дека нејзината ќерка е бремена и дека го очекува првото внуче. Сега дојде токму тој најсреќен ден па убавите вести ги соопштија и младата мајка и бабата.
Убавите вести на социјалните мрежи ги сподели самата Лора, која на својот „Фесјбук“ напиша:
Најубавиот поклон од Бога, станавме мама и тато на нашиот син!
Исто така, Сузана на својот „Инстаграм“ се пофали со убавите вести и дека станала супер баба.
„Седете мирни, ноќеска ми се случи човекот на мојот живот! Радост невиденааа, да ни е здрав и среќен“, напиша Турунџиева.
Под објавите се нижеа честитки и убави зборови за тазе мајката и тазе бабата.