Свадбите и свадбените денови се моменти кои ќе ги паметиме долго време, посебно ако станува збор за некоја блиска личност од кругот на семејството и потесниот круг на пријателите.
На таква свадба во месец август присуствуваше Сузана Турунџиева.
Имено, тогаш се омажи нејзината ќерка Лора, а Сузи не ја криеше среќата поради свадбата на ќерката.
Подоцна, среќата се зголеми кога во нивното семејство пристигна новиот член односно Лора стана мајка, а Сузана – баба.
Среќните моменти на Турунџиева продолжуваат.
Па така, викендов Сузана и нејзината помала ќерка Матеа присуствуваа на свадба.
За оваа прилика Сузана и Матеа се одлучија за бели комбинации кои одлично им прилегаа на нивните фигури.
Веруваме дека и од оваа свадба си заминале со многу убави спомени кои ќе ги паметат.
Извор: Вистина.мк