„Би сакал да почнам…“ – започнал со одговорот Шварценегер, но сепак не сакал да попушти и да одговори.
Арнолд Шварценегер гостувал заедно со колешката Линда Хамилтон во емисијата на водителот Џејмс Корден за да го промовира својот нов филм „Terminator: Dark Fate“.
Легендарниот актер по разговорот учествувал во една игра која самата по себе не е пријатна.
Арнолд морал да одговори на прашањето кое пу го поставил Џејмс Корден, а доколку не одговори би морал да изеде некои работи кои и не изгледале баш пријатно за јадење, пенис од бик, тестиси и други работи.
„Арнолд, ти си еден од најголемите светски акциони ѕвезди, а во филмот „Expandables“ глумеше со Силвестер Сталоне, Џејмс Статам и Мики Рурк. Спореди ги твоите колеги според нивните актерски способности, од најдобар кон најлош“ – му рекол водителот на Шварценегер на кој му станало многу непријатно.
„Би сакал да почнам…“ – почнал Шварценегер, но на крајот не можел да даде одговор. Како казна морал да изеде тестиси од мисирка.