Куќната помошничка во домот на Боки 13 и новинар вработен во поранешната 1тв беа денешните двајца сведоци во „Рекет“. Драгана Колевска раскажуваше како кај Бојан Јовановски на посети доаѓале луѓе од светот на политиката и новинарството, но давање пари не видела.
Во куќата каде што живееше Јовановски доаѓаа Шекеринска и Јанева на кратка посета, доаѓаше Орце Камчев, Зоран Милевски, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Лила, Сергеј. Еднаш дојде и Венко Филипче заедно со Камчев и со Милевски. Кичеец беше чест гостин во станот на Бојан, доаѓаше скоро секој ден, понекогаш и двапати на ден, а влегуваше без да тропне. Од новинарите на 1 ТВ доаѓаа Кочишки, Кабранов, Дувњак, Костова,
раскажуваше Колевска.
Новинарот Христијан Баневски од 1 ТВ пак сведочеше како за две стории кои требало да ги работи му станало сомнително. Едната за квалитет на флаширани води, другата за месна индустрија. По само кусо време Пелистерка станала генерален спонзор на телевизијата, во Агрија требало да се снимаат позитивни прилози. Кога притворените од „Империја“ излегле од притвор пак, во 1 тв повеќе ништо не смеело да се објавува за случајот.
Бојан Јовановски во неколку наврати го прашуваше новинарот зошто не си дал отказ ако било така. Адвокатите не сакаа да ги коментираат сведочењата.
Инаку во случајот „Рекет“ се обвинети екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, а три години затвор доби Зоран Милевски Кичеец. На следното рочиште на 3-ти јануари ќе сведочи некогашната заменичка на Јанева, Елизабета Јосифовска.