Светлана живее во дуќанот каде работи – Низ солзи раскажува за ситуацијата низ која проаѓа

ИЗВОРНов Лист
|

Љубовта ја донела Светлана Георгиевска во Скопје,  но кога саканиот го напуштил овој свет таа останала на улица заедно со своето дете. Сега спие во дуќанот каде што работи.

По потекло Георгиевска е од Одеса, но пред 30 години дошла во Македонија, и кога ќе ја прашат сега вели дека имала среќен брак и единствен недостаток од бракот е тоа што траел кратко.

Пред да замине на другиот свет  тој работеше во Црна Гора, многу се сакавме и имавме големи планови, , па планиравме и да се преселиме таму.  Со свекрвата уште од првиот ден не се согласувавме, едноставно таа не ме сакаше, живеевме во заедница со свекорот, свекрвата и деверот, вели Георгиевска

Детето беше 13 години кога го изгуби татка си, јас морав да бидам храбра и да не покажам слабост пред него иако бевме во неизвесност, додава Светлана.

Поради здравствената ситуација останавме без работа и морав да се преселам во овој дуќан во кој секако плаќам кирија. Се перам и бањам кај пријателки, а за храна се снаоѓаме некако, купувам нешто од маркетите. Овде единствено чај или кафе можам да сварам.

– Верувајте да не е син ми, ми доаѓаат секакви мисли дури и оние најцрните, да не продолжам повеќе, вели низ солзи Светлана.