Сузан Бојл светската слава ја стекна кога се појави на натпреварот „Британија има талент“ и ја отпеа песната „I Dreamed A Dream“.
Победата тогаш за влакно и избега, но набргу по натпреварот објави албум кој беше прогласен за најпродаван деби албум во ОК на сите времиња.
Имаше огромен интерес за оваа скромна жена која цел живот сонуваше да го покаже својот талент на сите, а благодарение на тоа имаше бројни настапи и денес има богатство вредно 22 милиони фунти.
Сепак, Сузан се уште е скромна и не сака да троши пари.
Како што пишуваше, откако не победила на споменатиот натпревар, иако речиси сите и предвидувале, доживеала нервен слом, па морала да помине извесно време во болница.
Покрај тоа, медиумите објавија дека пејачката не разговарала со нејзиниот брат две години, откако се појавија гласини дека тој и барал 50.000 фунти. Меѓутоа, во 2016 година се помириле.
Сузан во една прилика купила вила во која се обидела да живее, но не можела да се прилагоди на новата средина, па се вратила во својот стар дом. Потоа купила соседна куќа и ја споила со старата, па сега живее таму.
Покрај тоа, Бојл го промени и стилот, па денес се облекува многу поелегантно отколку во времето кога се натпреваруваше.