СВЕТСКО, А НАШЕ: СЕ ОТВОРИ НОВИОТ САЛОН НА ОКТАЈ СЕЈДИ (ГАЛЕРИЈА)

|

Омилениот стилист на скопјани отвори ново ултра модерно место за разубавување во срцето на градот.

Изминатиов викенд во центарот на Скопје на нова локација се отвори долгоочекуваниот фризерски салон на познатиот стилист Октај Сејди, кој судејќи по ентериерот и самиот простор скокна неколку скалила нагоре и го отвори засега најголем салон во неговата кариера.

Имено, додека траеше приемот на гости, новиот салон беше чуван во строга тајност се, до моментот кога Октај одлучи да ги отвори ширум вратите и да се запалат светлата за присутните.

Настанот започна со мини стајлист шоу каде честа за модел на вечерта, Сејди ѝ ја предаде на прекрасната Ангелина Китановска. Со креирањето на моментално најактуелната фризура, новиот салон официјално беше прогласен за отворен.

За музичката програма најпрво беше задолжен виолинистот Глигорије Глигоров, потоа збогатена со прекрасните хитови отпеани од Лара Иванова и извонредниот диџеј Галоски кој забавата ја донесе до едно поинакво ниво.

Октај Сејди е професионален фризер и стилист на многу девојки, жени и дами, но и познати пејачки од домашната и балканската сцена. Изминатите четири години, многу задоволни клиентки поминаа низ неговите магични раце, што денес делата го потврдуваат тоа.

Погледнете ја кратката животна приказна на Октај:

https://www.instagram.com/p/CxP9KM8MQiF/

Видеото од настанот следува многу наскоро!!!

Новиот салон на Октај Сејди се наоѓа на ул. Метрополит Теодосиј Гологанов бр.96 (позади игротеката Play).