Свински врат во сос од рерна: Најсочното месо што некогаш сте го пробале

|

Меко и сочно месо што се приготвува во рерна, совршено за утрешниот семеен ручек.

Со ваквото приготвување ќе ви остане многу слободно време што можете да го искористите за да приготвите прилози, салата можеби дури и колач. Одлично оди со ориз, ризото и компири.

Состојки: *6 големи парчиња од вратот (околу 1,2 кг) *1 лажица сув зачин *1 лажица сушен лист од магдонос *1 лажиче сушен босилек *2 лаврови листа *1 лажица мелена црвена пиперка *500 мл вода + 300 мл *1 лажица брашно *1/2 лажиче сол.

Приготвување: Вклучете ја рерната на 200 степени. Наредете го месото во тепсија, посипете го со сувиот зачин, со листот од магдонос, босилек и лавор. Потоа, сипете 500 мл вода. Ставете го во рерна да се пече еден час.

Во текот на печењето свртете неколку пати. После еден час време разматете 300 мл вода, брашно, црвена пипер и сол. Прелијте преку месото, протресете ја тепсијата и вратете уште 30 минути да се пече.

Пред послужување протресете ја тепсијата за сосот секаде да се изедначи.