Сврешницата на Дарко Лазиќ се породи на 24 јуни и на свет го донесе синот Алексиј.
Иако, Марина и Алексиј вчера требаше да излезат од болница, поради епидемија која владее во болницата тие беа задрежени до денес.
Денес, Дарко ги зема од породилиште неговата свршеница и наследникот. Тој со насмевка на лицето излезе од болницата во рацете носејќи носилка во која спиеше Алексиј.
Марина изгледа одлично и витко иако се породи пред пет дена. Дарко пред болницата ја покажа новата тетоважа посветена на синот.
Инаку, вечерта кога Марина се пораоди, Дарко Лазиќ го прослави раѓањето на синот и не ги жалеше парите. Тој прослави со семејството и пријателите, а покрај тоа што и самиот го фати микрофонот, постојано нарачуваше и песни од своите колеги.
Беше највесел, што е нормално. Не го пушти микрофонот од рака, а за секоја песна на колегите им даваше по 50, 100, 200 евра…Потроши над 10 илјади евра, изјавил извор за српски „Курир“.
Тоа утро пејачот напиша „Драго наше семејство, наши кумови, наши пријатели, наши познаници, денес во 07:15 нашиот мал ангел Алексеј дојде на овој свет. Затоа сакаме да ја споделиме оваа весела вест со вас, голем поздрав“ – напиша Дарко Лазиќ на својот Инстаграм профил, покрај кој го постираше цртежот со мечето и името на новороденчето.