|
СЗО издаде соопштение во кое се вели дека наскоро ќе објават нови упатства за употребтаа на заштитните маски.
„Ако треба да се носат маски, тогаш тоа треба да биде сигурно и правилно. СЗО има нови упатства, кои ќе ги објави наскоро во врска со носењето маски, нивното отстранување и фрлање во ѓубре.
Истражувањата се доста ограничени во оваа област, но ги охрабруваме земјите што размислуваат да воведат маски за општата популација да ја испитаат нивната ефикасност. Маските не можат да запрат панд*мија.
Државите сè уште треба да ги бараат, тестираат и изолираат луѓето заразени “, рече Тедрос Аданом, генерален директор на СЗО.