СЗО ја промени својата позиција за заштитните маски

|

Светската здравствена организација (СЗО) ги ажурираше своите упатства со препораки и им препорача на владите во светот да инсистираат сите да носат маски за лице на јавни места, пренесува Индипендент.

Во своето ново упатство, поттикнато од доказите од студиите спроведени во последните неколку недели, СЗО истакна дека маските за лице се само една од низата алатки што можат да го намалат ризикот од пренесување и не треба да даваат лажно чувство за заштита.

„Со оглед на најновите докази, СЗО советува владите да ги охрабрат граѓаните да носи маски таму каде што има широко распространето пренесување и физичкото дистанцирање е тешко да се направи, како на пример во јавен превоз, во продавници или во други ограничени или преполни средини. Луѓето можат потенцијално да се заразат и при неправилно користење на маската, или ако користат нечисти раце за да ја прилагодат маската или ако постојано ја симнуваат и ја ставаат маската, без при тоа да ги чистат раце.“ вели шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус.

– Ги советуваме владите да ја охрабрат јавноста да носи маски. И тоа маска од ткаенина, односно не медицинска маска, рече експертот во СЗО, Марија Ван Керков. – Имаме нови истражувачки сознанија, додаде таа. – Сега имаме докази дека ако се користи правилно, маската може да обезбеди бариера … за потенцијално заразните капки, посочи Керков.