Таа е хероина: На снимање на филм скршила 3 ребра, молчела и трпела да не ги разочара колегите

ИЗВОРСкопје24
|

Непобедливиот Џон Вик има непобедлива ѕвезда! На конференцијата за новинари во април, Хале Бери признала дека скршила три ребра додека го снимала филмот „Џон Вик 3 – Парабелум“. Дури не ни била свесна за својата повреда до пет недели подоцна откако добила медицинска помош. Изјавила дека се вратила уште подобра и посилна.

-Не сакав да ги разочарам моите колеги, истакнала Хале Бери и добила најголема поддршка од Кијану Ривс, кој во филмот ја толкува главната улога.

Сега повредата ја нарекува „значка на чест“. Во третото продолжение на овој филм, Бери ја игра улогата на стара пријателка на Џон Вик, Софија, од која тој бара помош во неговата борба против озлогласените убијци.

Во период од шест месеци, таа тренирала заедно со пет кучиња, кои ги играат нејзините смртоносни кучиња следбеници. Според Хале, кучињата секогаш биле последниот дел од нејзиниот секојдневен тренинг, но и нејзиниот омилен дел.

-Моите две главни кучиња на некој начин имаат свои карактери и секое од нив има некоја своја способност и вештина во одредени работи. Некои добро лаеја, некои добро гризеа, некои скокаа повисоко од останатите“, рекла Бери.

Таа исто така ќе го режира и ќе глуми во филмот „Bruised“ и повторно ќе работи со кореографите на борби од филмот Џон Вик (како да не скршила доволна ребра!).