Јована Јоксимовиќ важи за една од најуспешните водителки во Србија. Иако многумина имаат замерки за нејзината работа, сметаат дека е премногу сериозна и премногу често ги прекинува гостите, сепак не можат да ја оспорат нејзината способност секогаш да ги „извлекува“ потребните информации од соговорникот.
Но, на социјалните мрежи се појави видео од кое јасно може да се заклучи дека е така само додека се вклучени камерите, а ситуацијата „зад сцената“ е сосема поинаква.
Видеото е снимено во просторијата за шминкање и на него се гледа колку Јована е опуштена и љубезна кон тимот за шминкање, кој дури дозволи да се снима и да се објави на социјалните мрежи.
Кога излезе на сцената, им се насмевна на снимателите и на продуцентите и покажа дека е нешто сосема поинаку кога ќе се изгаснат камерите.
Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.