ТАБЛИ СО НАТПИС: ОВА НЕ Е МЕСТО ЗА ФРЛАЊЕ ПИКАВЦИ И ЃУБРЕ ОД ВАШИТЕ АВТОМОБИЛИ, ПОСТАВЕНИ ВО СКОПЈЕ

ИЗВОРСкопје24
|

Единицата за брзи артивистички интервенции поттикната од неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот, на неколку крстосници во Скопје постави табли со натпис „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“ со желба да укаже на недостатокот на свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност.

Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество-Македонија.

Целта е подигање на свесноста за здрава животна средина и повисока урбана култура со напомена дека одржувањето на хигиената не е инстант кампања туку долгорочен и одговорен колективен процес.

Се вози по новиот автопат Миладиновци – Штип иако не е пуштен во употреба

За не повеќе од 50 минути се стигнува одШтип до Скопје, по новиот пат преку Миладиновци, иако официјално, патот се’ уште е во изградба. Многу шпекулации се слушат деновиве кога официјално патот ќе биде пуштен во употреба, според кои се зборуваше за пуштање во рок од неколку недели . Меѓутоа, официјално на нашето прашање, директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов, не одговори конкретно на прашањето кога, само дека „ќе бидеме официјално известени и поканети“ . Официјална покана за отворање нема, неофицијално, денеска се возевме по новиот пат, на кој според тоа што го видовме, сепак треба уште да се работи. Пред се’ на поставувањето на оградите и веројатно да се додаде уште некој сообраќаен знак.

Автопатот што се гради веќе пет години, требаше да биде завршен уште пред две години. Се работи за автопатската делница во должина од 47 километри, што според најавите, ќе биде ставен во функција со времен режим на деловите, каде се планира изградба на две патарини.